Вучиќ го одликуваше познатиот Џони Деп

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска им врачи одликувања на заслужни поединци, а меѓу нив беше и холивудскиот актер Џони Деп.

Деп е награден со златен медал за исклучителни достигнувања во јавните и културните дејности, особено во областа на филмската уметност и промоцијата на Република Србија во светот

Актерот во своето обраќање на свеченоста по повод Денот на српската државност истакна дека ова е несекојдневен момент за него и токму затоа е горд.

 „Навистина сакам да ви се заблагодарам, претседателе Вучиќ, мило ми е што ми ја укажавте таа чест. Моето искуство со луѓето во Србија, сосема нов живот. Ми се допаѓа овој почеток и би сакал тој почеток да започне токму овде. Бидете благословени. Ја прифаќам оваа голема чест и никогаш нема да ја изневерам“, изјави Џони Деп.

15.02.2022 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега