Вучиќ: Го разбирам Додик, но Србија мора да има своја позиција

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека со целосно разбирање на позицијата на Република Српска, ќе разговара со Кристијан Шмит, кого Република Српска не го прифаќа за висок претставник во БиХ, пренесува Српскаинфо.

 

Вучиќ изјави дека ќе разговара со Шмит кога тој ќе смета дека е соодветно и дека отворено ќе му каже дека е потполно против примената на овластувањата на поранешниот висок претставник Валентин Инцко. Тој додаде дека секој вид на акција против Милорад Додик и службениците на Република Српска ќе бидат катастрофални за стабилноста во регионот.

„Не сме задоволни, изборот е направен, но околностите се објективни“ вели Вучиќ.

Тој вели дека целосно го разбира ставот на Додик и Република Српска, но и мислењето на Шмит, како и нивната позиција. Вучиќ потврди дека Србија мора да има своја позиција за овој проблем.

„Разговарав со Шмит и не криев ништо. Мојата работа е да не ја загрозам позицијата на Србија. Го познавам Шмит, тој помагаше и кога го повикаа Додик. Тогаш го молев да дојде и да разговара со Додик, а тоа го направи во Сарајево“ изјави Вучиќ за ТВ „Хепи“.

Српскиот претседател го повика својот народ да ја почитува БиХ, но призна дека никогаш нема да се согласи со прогонството на Додик.

24.08.2021 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега