Вучиќ се огласи за инцидентот со Бјелогрлиќ: Насилството мора да биде казнето

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека никогаш нема да поддржи насилство. За инцидетот со познатиот актер Драган Бјелогрлиќ вели дека ниту денеска ниту вчера не кажал лош збор, но ги повика држните органи да направат сѐ во склоп на Законот.

Во однос на коментарите во јавноста за инцидентот со Бјелогрлиќ, рече дека оние кои го оправдуваат со изговори од типот на „само мал шамар“ повеќе говори за лицата кои ги искажуваат ваквите коментари.

-Нив некој да им уради нешто дали истото би го говореле? Но, тоа не ме интересира, ние мораме да бидеме земја на пристојниг луѓе во која насилството не му е дозволено никому. Насилството мора да биде казнето, рече Вучиќ.

 

 
24.08.2021 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега