Вучиќ во обраќањето: Денес е еден од најтешките денови во современата историја на земјава
Српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до јавноста изрази сочувство за жртвите во масакрот кој денеска се случи во Белград
„Денес е еден од најтешките денови во модерната историја на нашата земја“, рече Вучиќ откако изутрината 14-годишниот Коста уби 8 луѓе, а рани шестмина со пиштол во училиштето „Владислав Рибникар“
Рече дека за жал, Србија е обединета во тага.
„Таа тага е толку голема што не се сеќаваме на поголема. Но, кога сме обединети во тагата, треба да ги погледнеме причините, одговорноста на секој од нас и да бараме решенија, така што вакво нешто, колку и да е непредвидливо, а не велиме, никогаш повеќе, туку да се намалува бројот на трагедии“, рече српскиот претседател.
Вучиќ посочи дека не брзал со давање изјави бидејќи сакал да види каде системот згрешил и каде е одговорноста кај политичарите.
„Момчето отсега е на посебно место. Ќе биде сместено во посебен дел од клиниката за невропсихијатрија. Неговиот татко како сопственик на оружјето што го чувал незаконски иако имал дозволи, е уапсен, а во притвор е приведена и неговата мајка, поради многу приказни и многу лаги кои се шират на социјалните мрежи, јас сум должен како претседател да зборувам за вистинските обврски“, рече Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа