Вучиќ за санкциите кон Додик: Нема да одиме против припадниците на српскиот народ

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека на 10 или 11 јануари ќе разговара со српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и со претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ за актуелната состојба и порача дека Србија не се согласува со санкции и во никој случај нема да спроведе санкции против припадниците на својот народ и претставниците на српскиот народ во БиХ и Република Српска, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ вака одговори на прашањето на новинарите да ги коментира санкциите што САД ги воведоа кон Додик и Алтернативна телевизија.

-Мораме да одржуваме рационални и да чуваме пристојни и коректни односи со Американците, тие се голема сила, а од друга страна нема да го вратиме времето кога се поставуваа блокади и барикади кон политичките претставници на нашиот народ на Дрина, изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со проблемите со кои се соочува во Австралија најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, изјави дека се слушнал со него синоќа и утринава, но се плаши дека „ваквото политичко иживување над него ќе продолжи за да тие докажат некои други работи, затоа што кога не можеш некого да победиш, тогаш се занимавате со вакви работи".

-Не е фер да се води општа политичка хајка, во која учествуваат сите, од австралискиот премиер... преправајќи се дека правилата важат за сите, а да пуштите повеќе тенисери под исти услови под кои Ѓоковиќ не е, кажа Вучиќ.

Тој изјави дека во напорите да му се помогне на Ѓоковиќ активно е вклучено српското Министерство за надворешни работи, кое е во контакт со австралиската амбасада во Белград.

06.01.2022 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега