Заев во „ТАБ МАК“ Пробиштип: Се зголемува производството за извоз, пред нас е фаза на економски раст

„Од разговорите со менаџментот добивме информација која дава мотивација дека состојбата во секторот е стабилна со тенденција за натамошен раст и развој. Пандемијата секако дека имаше влијание на производството во првата половина на 2020 година, како и во целиот свет, но „ТАБ МАК“ успеа до крајот на 2020 година да надополни со вкупно производство на стартер акумулатори од 1,5 милиони парчиња, што е 5% повеќе во однос на претходната 2019 година.
Премиерот истакна дека „ТАБ MAK“ е една од компаниите која ги искористи можностите на Законот за финансиска поддршка на инвестиции и мерките од Планот за економски раст и потпиша пет годишен договор за државна помош со што ги забрза инвестициите.
За извозните компании покрај намалувања и укинување на царинските стапки, на располагање е и финансиска поддршка преку основање Фонд за поддршка на извозни компании во висина од 10 милиони евра, кој ќе се воспостави преку Развојната банка на Северна Македонија. Се работи за евтини кредитни продукти за компании кои најголемиот дел од своето производство го извезуваат.
Дополнително со кредити со 0% камати за компаниите од останати дејности како туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани,приватните здравствени установи преку Развојната банка на располагање се 10 милиони евра, за кои може да аплицираат во 2021 година“, додаде Заев
Градоначалникот на Пробиштип Анастасов рече дека словенечката инвестиција „ТАБ МАК“ е еден од виталните столбови на економијата во градот гледано наназад во минатото, но и денес.
"Мене како градоначалник ме радува тоа што компанијата „ТАБ МАК“ потпиша договор со Владата за користење на субвенциите, а којшто се однесува на развој и проширување на самата компанија. Ваквите инвестиции и тoa како се од витално значење за економијата на локално, но и на државно ниво.
Дополнително кон подобрување условите за инвестиции, Општина Пробиштип обезбеди средства и за уште еден проект од којшто ќе има бенефит и оваа компанија, а тоа е приклучување на индустриската зона Неокази со техничка вода, со што директно се подобруваат условите за компаниите коишто се лоцирани и ќе бидат лоцирани во оваа индустриска зона", изјави Анастасов.
Компанијата „ТАБ МАК“ произведува стартер акумулатори за сите видови возила, како и тракциски ќелии, односно акумулатори за виљушкари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа