Захарова: Денеска се можни руско-американски контакти за Украина
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека денеска се можни руско-американски контакти за Украина и дека Москва е подготвена да разговара за иницијативите претставени на американско-украинскиот состанок во Саудиска Арабија.
„Ќе бидеме подготвени да разговараме за иницијативите што таму се покренати при идните контакти со американската страна. Можам да кажам и дека такви контакти се можни веќе денес“, рече Захарова на прес-конференција, пренесе Интерфакс.
Таа истакна дека Русија „внимателно ја следела средбата меѓу американските и украинските претставници одржана во Џеда на 11 март“.
Захарова претходно оцени дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја „втурнал“ таа земја во позиција на целосна зависност.
Коментирајќи ја изјавата на Зеленски дека официјален Киев никогаш нема да ги признае Крим и Донбас како дел од Русија, таа рече дека „смешно е да се слушаат приказни за независност од човек кој ја турнал својата земја во целосна зависност“, пренесува РИА Новости.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа