Захарова: Косово не е држава

 

Се сеќавам како пред 10 години на Си-Ен-Ен постојано се прикажуваше рекла „Косово е земја на можности“. Но и сега Косово не е држава и нема никакви можности, изјави за Курир.рс, портпаролката на Министерството за надворшни работи на Русија Марија Захарова.

-Односите мѓу Русија и Србија се засновани на долга традиција, меѓусебна почит, разновидна взаемна корисна соработка. Ни во еден случај не биле усмерени против нечии интереси и може да им пречат само на оние кои сакаат да наштетат на нашите земји, тежнеејќи кон своите цели, вели во интервјуто за Курир.рс Захарова.

Од Србија се очекуваше како членките на ЕУ да воведе санкции за Русија, што до ден денес не се случило и веројатно и нема да се случи. Сепак, во Србија неретко се сугрерира дека надворешната политика мора да се усклади со надворешната политика на ЕУ.

-Санкциите кои ЕУ ги воведува против Русија се незаконски. Придружување кон нив би означувало на кршење на меѓународните права. Значи, не е во прашање односот кон Русија, туку пред се на почитување на законот. Исто така е важно да се нагласи дека кандидатите за членството во ЕУ немаат обврски безусловно да ја усогласат својата надворешна политика со бриселските насоки. Тоа слободно толкување е со цел дополнително да се „дисциплинираат“ земјите кандидатки, изјави Захарова.

28.06.2021 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега