Зеленски: Ништо за Украина без Украина

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека има апсолутна желба Украина и Европа да имаат место на маса во секакви мировни преговори со Русија.

Зеленски по разговорот со шведскиот премиер Улф Кристерсон на Х напиша дека со него споделил детали од неговиот конструктивен состанок со американскиот пратеник Кит Келог.

- Мораме да бидеме апсолутно јасни: ништо за Украина без Украина, ништо за Европа без Европа, истакна украинскиот претседател.

- Работиме на заедничка визија за безбедносни гаранции. Одлуката мора да биде донесена пред да почнат какви било потенцијални преговори, а Европа мора да биде на масата. Она што ни треба е мир – праведен и траен мир, а не само привремен прекин на огнот, напиша Зеленски.

21.02.2025 - 23:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега