134 осомничени лица поврзани со зградите што се урнаа во земјотресот во Турција

 

 

Турските власти идентификуваа 134 осомничени наводно поврзани со зградите што се урнаа во минатонеделниот смртоносен земјотрес, додека започнува истрагата за градителите на несреќните објекти.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг при денешната посета на Дијарбакир изјави дека јавното обвинителство покренало судска истрага на сите места погодени од земјотресот, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека во однос на законот се оценуваат сите докази и се идентификуваат имињата на одговорните за наведените згради,пренесе Танјуг.

13.02.2023 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега