78-годишна баба „дилала“ дрога во шума кај Земун – полицијата ја фатила на дело

 

Полициски службеници на МВР на Србија во вторник навечер при редовна акција наишле на многу чудна ситуација во Земун.

Имено, тие пронашле постара жена во шумата во Земун која со себе имала дигитална вага и речиси половина килограм бела материја која личи на наркотична дрога.

Шумата се наоѓала во населбата Галеника во Земун, а старицата со иницијали В.Н., имала дигитална вага, неколку вреќи прашкаст материјал, а покрај себе имала и нож, објавија српските медиуми.

Полициската екипа за интервенција ја привела В.Н. во полициската станица во Земун, каде било утврдено дека старицата има 78 години.

Во кесичките, според проценката, имало околу 400 грама прашкаста материја со бела боја, слична на наркотична дрога.

16.11.2022 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега