Аџелина Џоли прибира луѓе во нејзината куќа: Им помага на загрозените во пожарите
Анџелина Џоли им се придружи на оние што им помагаат на луѓето, погодени од пожарите во Лос Анџелес, објави Пинк вила.
Имено, таа била снимена со нејзиниот 16-годишен син Нокс како купува неопходни работи како храна и вода.
– Во моментов се грижам за оние кои ми се блиски, кои престојуваат во мојата куќа – изјави актерката.
Таа истакна и дека во наредните недели ќе донира пари за пожарникарите.
Џоли е уште една во низата познати личности кои решиле да помогнат поради пожарот во Лос Анџелес. Претходно, актерката Џејми Ли Кертис изјави дека ќе донира 1 милион долари за сите погодени, а сестрите Кардашијан донираа и за пожарникарите.
За потсетување, пожарникарите конечно почнаа да контролираат два големи пожари на источната и на западната страна на Лос Анџелес, откако жестоките ветрови, кои со денови ги подгреваа пожарите, конечно се смирија.
Шест истовремени шумски пожари ги опустошија населбите во Лос Анџелес од вторникот, при што загинаа најмалку 11 луѓе, и оштетија или уништија 10.000 објекти. Тие бројки се очекува да се зголемат откако пожарникарите ќе можат безбедно да ги прегледаат сите домови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа