Ако пајак ви го крене возилото ви се испразни џебот - Ова е ценовникот

 

Пајакот прави парче низ Скопје и секојдневно собира непрописно паркирани возила. На официјалната страна на Градски Паркинг се објавени цените кои треба да ги платите ако пајак ви го подигне возилото.

Подигнување и пренос на возило до Депо Пајак по налог на овластено лице чини 2.500 денари. 

Подигнување на возило од зелена површина чини 3.500 денари.

Исто така, подигнување непрописно паркирано  возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува чини 1.500 денари.

Подигање т.е отстранување на возила и наплатата на подигнати возила кои биле непрописно паркирани се врши секој ден т.е. 24 часа, седум дена во неделата.

За повеќе информации обратете се на телефонскиот број + 389 2 321 55 66

12.03.2025 - 08:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега