Анкара под вода: Загинаа четири лица во поплави во Турција

 

Предупредувањата за лоши временски услови се воведени во 42 градови на северот и во централна Турција, вклучувајќи го и главниот град Анкара.

Училиштата се затворени во Анкара и централниот град Гемерек.

Поројни дождови и град изминатиот викенд го зафатија северот и центарот на земјата, предизвикувајќи поплави во кои загинаа три лица во близина на Анкара и уште едно во централната провинција Караман, објавија локалните медиуми

Спасувачките служби сè уште трагаат по исчезнато лице во регионот на Анкара.

Осум села во северната провинција Кастамону се уште се отсечени, откако се урнаа неколку патишта.

13.06.2022 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега