Бегство од бојкотот: Маркетите за утре најавуваат попис
Граѓанскиот бојкот на маркетите, закажан за утре, веќе предизвика реакции. Дел од маркетите најавија намалување на цените на основните производи, додека други неофицијално ќе бидат затворени поради попис.
„Тинекс“ објави значително намалување на цените, особено на најпотребните производи. Компанијата објасни дека зголемувањето на цените е резултат на поскапувањето на увозните производи.
Други маркети најавија дека утре ќе прават попис и нема да работат.
Бојкотот на маркетите, кој започна во Хрватска како реакција на високите цени, се прошири во регионот, вклучително и во Македонија. Надлежните институции најавија засилени контроли.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа