Автобус удри во луѓе на автобуска постојка во Белград, 18 повредени
Во сообраќајна несреќа во Нов Белград повредени се 18 лица откако градски автобус, што се движел со голема брзина, удрил во луѓето кои биле на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус.
Помеѓу повредените е и едно дете и една бремена жена.
На местото на несреќата има голем број полицајци, пожарникари и возила на брза помош.
Повредените се хоспитализирани во неколку белградски болници.
28.01.2025 - 15:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа