Како на филм: Виничанец со две возила блокирал сведоци со кои тргнале на рочиште да сведочат против него, при што им се заканувал
Вчера во 13.45 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода П.Т.(32) од с.Јакимово, виничко, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“ по член 368 - а став 1 од Кривичниот законик.
Околу 08.30 часот во селото, тој со две возила го блокирал возилото на сопружниците П.Т. и М.Л. од с.Јакимово и на тој начин ги оневозможил да присуствуваат на судско рочиште во кое требало да сведочат против него.
Според пријавеното, притоа тој им упатувал и закани да не се појавуваат на суд.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа