Бабата на музичарот кој почина на сцена во Србија скршена од болка: Го одгледував, а повеќе го нема
21-годишниот Вељко Ратковиќ, член на КУД Краљевска ризница, се сруши на бина за време на изведувањето на точка на манифестацијата Зелкијада.
Момчето инаку починало од срцев удар, дознава Курир.рс
Очевидците на немилиот настан велат дека музичарот оденаш паднал под сцената.
Во неговиот дом од вчера владее тага. Неговата баба Лилјана вели дека поминува низ тешки моменти.
-На 7 години остана без мајка и 15 години му бев старател. Беше добар, одличен ученик во основно и подоцна добар ученик во Електро-сообраќајното училиште. Преголема загуба е ова мене, а тагата не може со зборови да ја изразам - во солзи за Курир.рс изјави бабата и додаде дека таткото на Вељко не живее со нив, но дека редовно биле во контакт.
-Го хранев и одгледував, а сега повеќе го нема. Беше ведро момче, сакаше спорт, кошарка. Заврши школо за компјутери и се обиде да запише факултет, но немаше буџет, па работеше на неколку места, од градежништво до бензинска пумпа. Сакаше да свири, најпрво во музичко училиште, а потоа во Културно уметничкото друштво.
И соседите во зградата во која момчето живеело имаат само пофалби да кажат за него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа