Музеите лани ги посетиле 289.767 граѓани
Во земјава има 27 музеи, од кои, според основачот, 19 се јавни (национални), седум се јавни (локални) и еден е приватен, додека според предметот на работа 13 се општи, а 14 се специјализирани музеи, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на посетителите на музеите во 2024 година изнесувал 289 767. Музеите лани организирале 95 сопствени изложби, од кои 45 изложби биле организирани од општите музеи, а 50 од специјализираните музеи.
Музеите располагале со 186 935 инвентарирани предмети, од кои во 2024 година биле изложени 23 480.
Збирките располагале со 155 997 инвентарирани предмети, од кои биле изложени 18 701.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа