Бизарна причина за грозоморното убиство во Загреб: Откриено што им рекол убиецот на лекарите за мотивот за монструозниот злочин

 

Хералд Копиц, монструмот кој ги уби своите три деца во петокот вечерта, полицијата вчера го привела.

„Index.hr“ дознава што раскажал Копиц во болницата, каде што бил примен откако се обидел да изврши самоубиство таа ноќ.

Што рекол Копиц за мотивите за монструозното убиство на децата?

„Index.hr“ пренесува дека Австралиецот кој ги убил своите деца, седумгодишните близнаци и четиригодишното момче, вчера проговорил за своите мотиви за монструозниот чин. Претходно лекарите не успеале да разговараат со него.

Копиц во болницата рекол дека му е тешко, па додал дека му е жал што уште е жив

Рекол дека веќе подолго време е без работа, додавајќи дека им се јавил на пријателите и се обидел да најде работа, но, безуспешно. Рекол и дека му истекла киријата за станот и дека повеќе нема каде да оди. Токму тоа го наведува како мотив за незапаметеното злосторство, дознава „Index.hr“.

Рекол дека ги убил децата 'за да бидат со него кога ќе умре'

Имено, Капиц во болницата рекол дека поради тоа одлучил да си го одземе животот, а претходно им го одземал животот и на сопствените деца за да 'не биде сам, туку и децата да бидат со него кога ќе умре'.

На децата им дал таблети за спиење, а потоа ги задавил

Да потсетиме, истражителите прво верувале дека Копиц ги задавил сопствените деца, но како што поминува време, тие сè повеќе веруваат во верзијата дека убиецот прво ги зашеметил своите деца со апчиња, а потоа ги задавил. Копиц токму втората верзија од настанот ја раскажал и во болница.

Обдукцијата на телата на убиените деца е завршена, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи за да се утврди како се убиени, со труење со апчиња или гушење. 

Вели дека повторно би се обидел да се убие да има можност и начин

Тројниот убиец на сопствените деца, во болницата рекол дека ако има можност и начин, повторно би се обидел да се самоубие.

Себеси се опишал како чувствителна, но и груба личност. Тој рекол дека се чувствува тажно, депресивно и напуштено во последните три месеци, а во последните денови очајно, додавајќи дека повеќе не гледал никаков излез од ситуацијата.

Вели дека испил повеќе од 100 таблети откако ги убил децата

 

Како што дознава „Index. hr“, персоналот на брзата помош пронашол дури пет кутии со различни апчиња. Убиецот во болницата рекол дека испил повеќе од 100 таблети.

29.09.2021 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега