Бојко Борисов се јави во полиција: Се сѐ сведува на тоа дека некој нешто слушнал, дека некој нешто кажал

 

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, утрото дојде во Генералниот директорат на Националната полиција на Бугарија каде беше повикан за да даде исказ

Пред зградата беа собрани поддржувачи на партијата на Борисов – ГЕРБ во знак на поддршка на поранешниот премиер.

„Никој не ги организираше овие луѓе. Почнувам со Централната изборна комисија. Во обид да ме понижат, сакаа да ме повикаат како пратеник, но бидејќи не можат тоа да го сторат, среде ноќ го сменија решението. За жал, и по 3 сигнали за кои дадов информации, се се сведува на тоа дека некој нешто слушнал, дека некој нешто кажал, и тоа се од 2009 до 2012 година“ изјави Борисов по напуштањето на полициската зграда.

Борисов, кој со години беше на чело на бугарската влада, вчера предупреди дека земјата, по неделните повторени парламентарни избори, се соочува со сериозна политичка криза. Неговата партија ГЕРБ е втора по број на пратеници во новото Собрание – 63 места. Прва е партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ која освои 65 места. Но, ниту една од овие 2 партии засега не е во можност да обезбеди мнозинство во парламентот и да формира стабилна влада.  

15.07.2021 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега