Се огласи повредениот гитарист на ДНК: „Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса“

 


Горан Тонев се огласи на социјалните мрежи два месеца по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија повеќе членови од музичката сцена. На својот профил на „Фејсбук“, младиот гитарист и пејач објави фотографија од болницата, каде сè уште се опоравува од последиците од несреќата.

Тонев, заедно со Панчо и придружната вокалистка Ана Костадиновска, се единствените преживеани членови на групата „ДНК“ од таа кобна вечер. Објавата побуди емоции кај бројни следбеници кои му испратија пораки со поддршка и желби за побрзо закрепнување.

„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау”-Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колку што сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев во емотивното обраќање.

15.05.2025 - 15:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега