Борел предупреди: Тензиите меѓу Косово и Србија се на многу опасно ниво

 

На денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, министрите разговараа за Западен Балкан и Србија и Косово, каде работите можат да станат „многу опасни“.

Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел на крајот на минатата недела се сретна со косовскиот премиер, Албин Курти, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Париз, за овие средби денеска ги информираше 27-те министри за надворешни работи на ЕУ.

-Потребно е да се намалат тензиите меѓу косовската и српската страна, овие тензии постигнуваат многу опасно ниво, се соочуваме со најопасната криза од 2013 и двете страни мораат веднаш да покажат итно подготвеност да ги смират тензиите, изјави Борел.

 

 

14.11.2022 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега