Брнабиќ се налути: Курти ги прекрши сите договори од 2011, 2016 и 2021 година
Српската премиерка Ана Брнабиќ во Берлин кажа дека разговарала со Жозеп Борел и Мирослав Лајчак за пререгистрацијата на регистерските таблички во Косово и притоа додаде дека премиерот Албин Куртин ги прекршил сите договори од претходните години.
„Се согласуваат со мене и дека треба да има статусно неутрални таблички, но не можат ништо да направат. Тоа е поразително за мене“, кажа Брнабиќ.
Војската на Србија вчера урна дрон кој ја снимал нивната војска во близина на границата со Косово, но засега не се откриваат повеќе информации.
03.11.2022 - 18:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа