Црна Гора се бори со големи пожари, под закана на пламените јазици населени места

 

Состојбата со пожарите во Цетињската област Катун Нахија се влошува, пожарот се приближува до куќите, а постои опасност да се отворат нови жаришта.

 

Поради сериозноста и обемноста на огнената стихија на пожарникарите на Цетиње им се придружија колеги од Котор и Будва, како и граѓани на Цетиње кои доброволно се пријавија, соопшти раководителот на Службата за заштита и спасување на Цетиње.

 

Оттаму информираа дека хеликоптерите на Армијата на Црна Гора од утрово гаснат пожари, но високата температура и силниот ветер ја усложнуваат ситуацијата и го отежнуваат гасењето.

Теренот е крајно недостапен, а сувата вегетација придонесува за ширење на пламенот, велат од Службата за заштита и спасување на Црна Гора. Во моментов, пожарите се активни на неколку локации во Катунска нахија, во околината на Цетиње а самиот град е покрие со чад уште од раните утрински часови.

10.08.2021 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега