Ужас во регионот: И удирале шлаканици и тупаници, 17-годишна ученичка претепана од другарките
17-годишна ученичка од средно училиште во Обреновац, заедно со своите родители, вчера отишла во полиција и пријавила дека била претепана од две другарки.
Таа рече дека сè се случило на улица.
Според тврдењата на малолетничката, едната ја удрила со шлаканица, а другата ја удрила со тупаница.
Полицијата ги известила Центарот за социјална работа, надлежното обвинителство и училиштето чии ученици се во прашање.
Ученичката која била нападната и претепана има полесни повреди, пренесуваат локални медиуми.
15.05.2025 - 10:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа