Црногорската војска херојски го спаси Ивица Костелиќ од морето
Црногорската војска синоќа од морето кај вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија за медиумите од црногорската влада.
Потврдено е дека Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Морнарицата на Војската на Црна Гора и хеликоптерска поддршка од воздух.
Според пишувањата на медиумите, Костелиќ и уште едно лице биле на кајак, но силен јужен ветер и бранови високи над три метри ги превртеле и ги одвлекле од брегот.
Како што дознава „Вијести“, двајцата спасени се добро, но превентивно се предадени на екипа на Брза помош која ги чекала во пристаништето Бар, каде околу 22.45 часот пристигнал патролниот брод.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа