Голем пожар во Стајковци: Опожарени возила и мотоцикли во семејна гаража

 


Вчера во 07.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(71) од с.Стајковци, општина Гази Баба, пријавил дека околу 06.30 часот во импровизирнаа гаража во дворот од неговата семејна куќа биле опожарени паркирани патнички возила „шевролет спарк“ и „тојота“ и мотоцикли „хонда“, „сузуки“ и „баотиан“, сите со скопски регистарски ознаки, во негова и сопственост на неговиот син З.С.(50) од с.Стајковци.

Од пожарот била зафатена и фасадата на неговата куќа, како и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на соседот С.Н.(20) од с.Стајковци. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

11.03.2025 - 16:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега