Детали на аеродромот во Мајами: Патник ја отворил вратата од авионот и отишол до крилото

 

Патник на летот на „Американ Ерлајнс“ кој слета на меѓународниот аеродром во Мајами ја отвори вратата за итни случаи и отиде до крилото на авионот.

Инцидентот се случил во средата вечерта кога авионот од летот „920“ слета на аеродромот, пишуваат агенциите.

“Полицајците веднаш го уапсија човекот. Им благодариме на членовите на нашиот тим и полицијата за нивната професионалност и брза реакција”, се вели во соопштението на авионската компанија.

Надлежните објавија дека немало одложувања поради инцидентот и дека сите други патници во авионот можеле да се симнат од авионот без никакви проблеми. Засега нема информации за причината поради која патникот ја отворил вратата за итни случаи.

30.09.2021 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега