Детали од разорниот земјотрес на Крит: За таткото немало спас, синот го извлекувале од урнатините

 

Идентификуван е мажот кој денеска страдал во земјотресот на Крит, кога на него паднала купола во Црквата Свети Илија, каде изведувал градежни работи. Несреќниот човек на работа дошол со својот син, кој во земјотресот бил тешко повреден.

Грчките медиуми јавуваат дека во земјотресот настрадал татко на две возрасни деца. Со еден од синовите утрово дошол да изведува работа на обнова на црквата, кога земјиштето почнало да се тресе.

Од силниот потрес куполата се урнала и го затрупала несреќниот човек и неговиот син. За таткото немало спас, а синот од урнатините бил извлечен со тешки повреди и пренесен во болница.

Градоначалникот на Вианос, Никос Ставракакис изјавил дека лично ја познавал жртвата и дека заедно оделе во училиште и се дружеле.

„За жал, мојот добар пријател, пријател од училишните клупи, настрада во црквата Свети Илија во Аркалохори. Со синот работел во црквата кога почнало да се тресе. Куполата паднала на него. Колку што знам, неговиот син и уште еден човек биле затрупани, но извлечени и префрлени во болница. Синот е во состојба на шок, бил покрај својот татко кога сето тоа се случило", рекол Ставракакис.

Тој наведува дека човекот кој настрадал бил од селото Март Вијаноу. Претседателот на Месната заедница вели дека нивниот пријател отишол да изведува градежни работи на црквата која била оштетена во претходните потреси.

„Црквата беше прилично оштетена во претходните потреси. Тој и неговите работници почнаа да работат на обнова на црквата пред извесно време и ете, додека работеле, земјиштето повторно се тресеше", рекол Костас Маргаритаракис и додал дека настраданиот Грк со години со семејството живеел во градот Ираклион

Тие кои го познавале велат дека не можат да веруваат каква трагедија му се случила на семејството. Сведочат дека настраданиот маж пред само неколку месеци ја загубил својата мајка.

Потсетуваме, утрово три силни земјотреси го потресле подрачјето на Крит, а најсилниот бил со јачина од 5,8 според Рихтеровата скала. Во земјотресот повредени биле 11 лица и причината била голема материјална штета.

28.09.2021 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега