Детали за новиот масакр во Србија: 21-годишниот Урош ги изрешетал пријателите по кавга
Осум лица загинаа во терористичкиот напад што се случи ноќеска во Младеновац, во селата Мало Орашје и Дубона. Меѓу жртвите има полицаец (20), неговата сестра и уште еден млад човек (21), а има 13 ранети, дознава Телеграф.рс.
Урош.Б., бил со другарите во училишниот двор кога се скарал со нив. Дошол дома и ја зел автоматската пушка. Потоа се вратил кај друштвото, пукал во нив додека тие ја подготвувале скарата, па влегол во мерцедесот и наводно пукал од автомобилот во движење.
Наводно, подоцна го сменил автомобилот.
Инаку, осомничениот не бил осудуван, но, ж бил пријавен за насилство и се сметал за проблематичен човек. Наводно, напаѓачот бил син на воено лице.
Осум лица кои беа повредени во пукотницата кај Младеновац и на кои им беше укажана помош во Ургентниот центар се во стабилна состојба.
Во болницата Драгиша Мишовиќ има две повредени лица на возраст од 21 и 23 години.
Силни полициски сили се уште се на местото на злосторството. Има и екипи за итни случаи. Се врши физички претрес на теренот, јавува репортерот на РТС. Периодот кога почнува да се разденува е проблем за користење термо камери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа