Спремајте повеќе пари: Горивата од полноќ поскапуваат

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 22.04.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг и сега ќе изнесува 37,155 ден/кг. 

Од 29.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС - 9573,50 (денари/литар)

Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС - 9875,50 (денари/литар)

Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС   37,155 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 ден/кг и сега ќе изнесува 37,155 ден/кг. 

28.04.2025 - 13:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега