Детали за трагедијата: Момчето кое почина на бина имал страшна животна приказна

 

21-годишниот Вељко Ратковиќ, член на КУД „Крањевска ризница“, кој синоќа во околу 21 часот изненадно починал на бина за време на настапот за манифестацијата Зелкијада, неофицијално починал од наркотици кои предизвикале застој на работата на срцето, дознава Курир.рс од личност упатена во случајот. Тој, како што се наведува, имал тежок живот од самото раѓање.

-Вељко имаше тежок живот и беше зависник веќе години наназад. Без мајка остана кога имаше само 1 година. Растел сам со татко му. Нема браќа и сестри, вели соговорникот за Курир.рс

-Најтешко ни беше кога моравме да му се јавиме на таткото. Тој се појави за 5 минути. Дотрча целиот избезумен, скршен од болка, плачеше на цел глас и лелекаше за синот единец. Неговите лелеци никогаш нема да ги заборавиме, изјави соговорникот.

Очевидците на трагедијата, однсно членовите на Културно уметничкото друштво велат дека не можат да се соберат од шокот.

-Се се случи изненадно. Тој изгледаше сосема нормално, ништо не укажуваше на тоа дека не му е добро. Првиот и вториот дел ги изведе најнормално, но за време на третиот дел само падна на бината. Го реанимираа неколку пати, а потоа го однесоа во болница. Како што ни беше кажано, донесен бил во болница без витални функции во Ургентното одделение на Општата болница во Чачак. Му немаше спас - раскажааколегите на починатиот.

19.09.2021 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега