Дете со мотоцикл прегазило пешаци и веднаш избегало
На 18.04.2025 во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишната М.И. од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа