Директорка ја претерала: Сама се назначувала за ментор и си земала 303.360 денари

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од Ново Село, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“. 

Во текот на 2023 и 2024, пријавената во својство на директор на основно училиште во Ново Село, самата се назначувала за ментор на приправници за образовни асистенти, за што добивала парични средства во износ од 10% од нејзината бруто плата, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 147.456 денари во 2023 година и 155.904 денари во 2024 година.

03.03.2025 - 17:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега