По смртта на Саша Поповиќ Гранд продукција ги откажа сите снимања
Основачот и креативен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, почина вчера, на 70-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.
Покојниот креативен директор на Гранд се лекуваше во онколошкиот институт Густав Руси во Вилесиф, предградие на Париз, каде ги помина последните денови, опкружен со своето семејство и најдобриот тим лекари.
Овогодинешната сезона на „Ѕвезда Гранда“ започна во септември 2024 година, но за прв пат без Саша Поповиќ. На негово место дојде водителот Воја Недељковиќ, но цело време се консултираше со директорот иако го немаше. Поповиќ бил запознаен со сите случувања на снимањата, а ја следел емисијата и и давал инструкции на екипата и покрај неговата лоша здравствена состојба.
Поради смртта на творецот на најгледаниот ТВ формат, откажана е синоќешната епизода на „Ѕвезда Гранда“, не се емитуваше на ТВ Пинк.
Гранд продукција исто така ги откажа сите снимања на емисиите за следната недела. Детали за местото и времето на погребот ќе бидат објавени подоцна, објави Курир.рс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа