Додик: Излегуваме, БиХ не може да опстане

 

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска го повика Парламентот на Република Српска да донесе одлука да ја повлече согласноста за законите со коишто на државно нивно се воспоставени одбраната и безбедноста, правосудните органи и системот на индиректно оданочување и во текот на шест месеци тие овластувања да ги пренесе на ентитетот.


На барање на Додик и шесте партии собрани околу неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), кои го сочинуваат владејачкото мнозинство во Република Српска, во Бања Лука беше свикана специјална седница на Националното собрание посветена на ова прашање.

Речиси еден час Додик ја елаборираше тезата дека бројни закони, како што се оние за одбраната, Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОСА), Државната агенција за истрага и заштита (СИПА), за наплата и распределба на даноци и царини и правда, беа донесени во периодот од 2003 до 2005 година, всушност противуставни и штетни за интересите на РС, па тие треба да бидат прогласени за неважечки во тој ентитет.

Тој предложи да се постави рок од шест месеци во кој владата на Република Српска ќе има задача да подготви закони за замена на укинатите државни институции.

10.12.2021 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега