Два дена по масакрот во Белград- полицијата добила 25 пријави од училиштата

 

 

Два дена по масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ каде загинаа чуварот и осум ученици, полицијата од училиштата добила 25 пријави.

Во извештаите на српските медиуми се наведува дека некои ученици го имитираат Коста Кечмановиќ, кој уби девет лица, а рани седум.

Децата симулираат пукање, убиство, прават списоци со имињата на децата што наводно ќе ги убијат.

Осум деца и еден чувар беа убиени во средата наутро во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Шест ученици и една наставничка беа повредени, а напаѓачот уапсен.

05.05.2023 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега