Двојкашот не помина – нов ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ е Беким Фетаји
Денеска точно на пладне почнаа изборите за ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Гласаа академскиот кадар и по еден студентски претставник од секој факултет, додека пак по пребројувањето на гласовите токму другиот кандидат проф. Др. Беким Фетаји е прогласен за победник.
Тој победи со 38 гласа односно само 3 гласа повеќе од противкандидатот проф. Др. Блерим Саити.
Фетаји е информатички инженер, и средното образование го завршил во Гостивар, како ученик на генерација. Дипломирал на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистерски студии завршил на Универзитетот „Брукс“ во Оксфорд, додека во Грац, Австрија станал доктор по технолошки науки.
Претходно, во јавноста излезе и свидетелство според кое може да се види дека на Саити, втората година во средно не му била најсјајна, па така сите оценки по предметите му се двојки, додека пак просекот му го кревала една четворка и тоа по ликовно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа