Еден барел чини над 100 долари: Скокна цената на нафтата на светските берзи

 

Нападот на Русија врз Украина значително ја зголеми цената на суровата нафта на светските берзи. За помалку од 12 часа, еден барел нафта на берзата во Лондон поскапи за повеќе од 7 долари надминувајќи ја границата од 100 долари.

Во моментов, барел нафта за испорака во април чини 103,5 долари со тенденција цената да продолжи да расте. Toa e највисоката цена која ја има достигнато суровата нафта од јули 2014 годин.e

Ваквото поскапување очекувано ќе се одрази и на македонскиот пазар каде цената на горивата во малопродажба расте непрекинато повеќе од 2 месеци.

24.02.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега