Фатен криминалец од Скопје: Измамен од две лица за над 100.000 евра

 

СВР Куманово  поднесе кривична пријава против Ф.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “измама” по член 247 од Кривичниот законик. Имено, Ф.С. како вработен во приватна фирма во Скопје вршел посредување за лицитација на продажба на станови од Агенција за управување со одземен имот и на 40 – годишник од Куманово му понудил стан во Охрид, додека на 50 – годишно лице од Куманово станови во Охрид, Скопје и патничко моторно возило. Откако склучиле договор, првото лице му исплатило 26.000 евра, додека другиот му исплатил 79.000 евра, а по наводно завршената лицитацијата од правното лице не добиле никаков документ.

По преземени мерки од полициски службеници од СВР Куманово и од Одделот за криминалистичка полиција, на 12.05.2025 на влезот на Куманово, Ф.С. бил лишен од слобода и во координација со јавен обвинител против него по брза постапка е поднесена пријавата.

13.05.2025 - 17:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега