Фетаи: Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност

 


Владата на денешната седница ја одобри информацијата од кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики на добро управување Арбен Фетаи, со која сите државни институции се обврзуваат да ја пријават државната сопственост со која управуваат.

Институциите се должни во рок од 30 дена да пополнат дигитален формулар, во кој ќе бидат евидентирани сите податоци за државниот недвижен имот во Северна Македонија. Овие податоци ќе бидат управувани од Министерството за дигитална трансформација и ќе обезбедат јасен преглед на државниот недвижен имот во земјата, соопшто кабинетот на Фетаи .

Врз основа на собраните податоци, се очекува да се создаде Централен регистар за државен недвижен имот, кој ќе биде формализиран по усвојувањето на Законот за централен регистар на државен недвижен имот. За изготвување на овој закон, кабинетот на заменик-претседателот на Владата Фетаи ќе ги искористи хрватските практики.

Коментирајќи ја денешната одлука на Владата, Арбен Фетаи изјави дека Централниот регистар за државен недвижен имот станува реалност. Вели дека целта на Регистарот е да го подобри управувањето и да спречи можни злоупотреби со државниот имот.

25.02.2025 - 19:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега