ФОТО: 11 автобуси полни со граѓани од Македонија тргнаа за Белград за да му дадат поддршка на Вучиќ

 

11 автобуси од Македонија полни со наши граѓани отпатуваа кон Белград за да му дадат поддршка на тамошниот претседател Александар Вучиќ.

Фотографиите се објавени на Фејсбук страницата на Здружението „Мир, слога, стабилност“.

-Не ја даваме Србија. Одиме за Белград да му дадеме поддршка на претседателот Александар Вучиќ, се вели во објавата. 

Централниот настан од тридневниот собир на приврзаниците на српската власт е закажан за вечерва во 19 часот пред Српскиот парламент.

Собирот се одржува по шестмесечни протести на српските студенти и блокади на универзитетите, кои прераснаа во масовен израз на народно незадоволство од владеењето на Вучиќ и неговата Српска напредна партија. Студентите бараат да се утврди одговорноста на властите за смртта на 16 луѓе при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.

12.04.2025 - 13:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега