ФОТО: Експлодирала плинска боца во центарот на Белград- на момче му изгорела косата, жена тешко повредена
Според првите информации, шест лица се повредени во експлозија на плинска боца што се случи во центарот на Белград, во ресторан за брза храна.
Жената која работи во барот е сериозно повредена и била однесена од екипа на брза помош.
Повреден е и шефот на ресторанот од другата спротивната страна на улицата, кој дошол на помош.
Според очевидци, пожарот и чадот брзо се прошириле низ улицата.
- Бев во блиската пошта и видов чад и оган, па истрчав да видам што се случува. Повредената жена ја однесе екипа на Брза помош, не можеше да оди сама. Изгоре косата на друго момче - изјави очевидецот С.П.
Луѓето во околните улици се во шок, велат дека се треселе сите прозорци во областа. Многу очевидци не можат да зборуваат од шок.
Два противпожарни екипи се на терен, полицијата го блокираше пристапот од околните улици, а на повредените им се помага на местото на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа