ФОТО: Катастрофална несреќа во Белград, двајца починаа

 

Тешка сообраќајна несреќа утринава се случила во белградската населба Коњарник, а во која животот го загубија две млади лица.

 

Српските медиуми неофицијално јавуваат дека, во несреќата која се случила пред 7 часот утринава, починале 28 годишно момче и 31 годишна девојка.

 

Починатите биле сопатници во автомобилот, а според првичните информации лицата испаднале од автомобилот и починале на лице место. Возач, кој е на нивна возраст, е пренесен во Ургентен центар.

02.10.2021 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега