ФОТО: Ова е возачот на Брза Помош кој почина - "Човек планина, цел ден спасуваше животи"
Уште еден шок во Кочани утринава по веста дека починал и возач на Брза Помош кој цел ден превезувал повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
Иле Гоцевски со години бил возач на Брзата Помош, а вчера цел ден го поминал помагајќи.
Неофицијално, тој се вратил дома да се одмори, но за жал не се разбудил.
Неговите пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи.
- Иле што да се пише за тебе? Се е малку, премалку... Човек планина! Човек со душа, даде се од себе вчера да спаси млади и неини човечки души. На крај не напушти и ти. Почивај во мир, стои во една објава од пријател.
- Нашиот Иле не напушти прерано. Другар кој несебично се даваше. Не знаеше да каже не. За него немаше невозможно. Ќе биде другар. Што и да напишам е малку. Царство небесно ангелу наш...стои во друга објава.
- Другар Иле зошто замина прерано? Беше пријател, другар, сограѓанн, секогаш насмеам и подготвен да помагаш. Почивај во мир, стои во објава од пријател.
Се очекуваат повеќе детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа