Сопругата на загинатиот Тоше: Ќе бидам храбра мајка за нашето ангелче

 

Младиот Тоше Богданов од Кочани на само 30 години го загуби животот во страотниот пожар, а за трагедијата да биде поголема, тој излегол со другарите да слави зошто му се родил син.

Тоше живеел со сопругата која се породила пред неколку дена. Неговата сопруга се обрати со потресни зборови преку социјалните мрежи:

„Кога се изборивме за она што го сакавме, кога добивме причина за среќа и радост, животот ја покажа својата суровост. Зошто ги зема луѓето кои штотуку почнаа да живеат?

Ќе бидам храбра мајка и ќе се борам за нашето мало ангелче да прерасне во човек како што беше ти - добар, храбар и силен. Кога ќе порасне и ќе ме праша: „Мамо, каде е татко ми?“ ќе му кажам да погледне во небото и да ја види најсветлата ѕвезда што сјае, а тоа ќе бидеш ти. А јас ќе бидам таа што секогаш ќе те сака, и никогаш нема да те заборавам.

Нека ти е вечна слава, ти беше незаменлив човек“, напиша таа на Фјесбук.
 
17.03.2025 - 09:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега