ФОТО: Ова се Македонците кои загинаа во Италија - Влетале во камион, комбето смачкано
Уште една страшна вест ја потресе Македонија кога двајца иселеници од Дебар загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија.
53-годишниот Бајрам Бајрамовски од селото Жировница и 65-годишниот Фуат Етемовски кои со децении живееле во Италија, каде работеле во фабрика, го загубија животот во областа Тревизо, во близина на Боскалто ди Лореџија, кога со своето комбе се враќале дома по напорниот работен ден.
Несреќата се случила во вторникот, на 25 март, во 19 часот, кога нивното комбе директно се забило во камион на патот, а за жал на двајцата мажи им немало спас.
27.03.2025 - 08:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа