ФОТО: Прва фотографија од Дуња откако беше најдена премрзната - Се огласи и мајката

 

"Јас како мајка на Дуња Марковиќ сакам на сите јавно да им се заблагодарам за поддршката и помошта во потрагата на мојата ќерка. Исто така сакам да ве информирам дека Дуња е добро, се опоравува и наскоро ќе биде дома со своето семејство. Ви благодарам на сите".

Ова на социјалната мрежа Фејсбук го напиша мајката на Дуња, Кристина Милошевиќ, по голготата која ја помина семејството.

За потсетување, двегодишното девоје кое исчезна в Уб беше пронајдено вчера. Таа беше пронајдена  во тешка состојба со премрзнатини. Дејан Шевковиќ, припадник на Планинарската спасувачка служба, кој ја пронашол Дуња, деталите од потрагата ги споделил за „Блиц“.

- „Дуња имаше многу смрзнатини. Беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро. Беше сама, на нива покрај мал поток, лежеше во природа“, вели тој.

Додава дека ова е навистина далеку и многу е мала веројатноста дека детето би дошло вака далеку, но не е исклучено дека би можело да дојде толку далеку.

- Беше зашеметена и плачеше, рекол тој за Блиц.

Српски Телеграф пишува дека куче за спасување на планинската служба вчера наутро ја пронашло двегодишната Дуња Марковиќ.

Девојчето исчезна околу 14 часот, пред зградата во која живее во градот Уб во западна Србија, на улица 8. Март бр.6.

05.03.2025 - 08:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега