Жив, здрав и прав: Љупчо Николовски стана татко – му се роди син
Екс министерот за земјоделство и сегашен пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски објави убава вест.
Тој стана за прв пат татко на син
„Денес е нашиот најубав ден во нашиот живот.
Со огромна радост и храброст денес Андријана Николовска го донесе нашиот сакан син – најголемиот благослов во нашиот живот! Жив, здрав и прав!
Тој донесе нова светлина, бескрајна љубов и среќа во нашето семејство.
Од срце ви благодариме за сите јавувања, пораки и честитки. Вашите убави зборови и искрена радост ја прават оваа посебна приказна уште поволшебна!
Благодариме на Господ за овој божји дар“, напиша тој.
05.03.2025 - 19:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа